Зорица Апостолска

img

Зорица Апостолска

Министерка без ресор задолжена за странски инвестиции

Биографија

Министерката Апостолска дипломирала на Економски факултет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје – насока, банкарство и финансии.

На почетокот на својата професионална кариера, до 1993 година Апостолска работи како раководител на сметководствениот оддел, а потоа и како Директор на финансии и заеднички служби во „Металски завод Тито Инженеринг“.

Во периодот од 1993 до 2002 година, ангажирана е како советник во Министерството за труд и социјална политика во областа на пензиско и инвалидско осигурување.

До 2009 ја обавува функцијата директорка на Агенцијата за суперревизија на капитално финансиско пензиско осигурување и е основач на истата.

До моментот на именувањето, Апостолска работи како Директорка на дирекцијата за наплата од банкарство на мало во Стопанска банка АД Скопје.

 

Имотна состојба

8.000 евра
377.447 евра
20.863 евра
Министерката Зорица Апостолоска пријавила дека поседува автомобил „Форд Фокус“ вреден 6.000 евра.

Таа има две девизни штедни книшки од 2.755 односно 1.513 евра и денарски депозит во износ од 692 евра.

Нејзиниот сопруг има три куќи – во Скопје, Ростуше и Ресен, сите вредни 292.439 евра.

Покрај куќите, тој има и стан во Скопје вреден 85.008 евра а добива и закупнина од стан во износ од 195 евра.

Сопругот на Апостолска има автомобил „Поло класик“ вреден 2.000 евра како и две денарски сметки од по 4800 евра и денарска штедна книшка од 2.637 евра.

Нивните деца имат денарски депозит од 3.288 евра.

Вредноста на имотниот лист на Зорица Апостолска изнесува 406.310 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

На прашањето: Дали е ова имотната листа на министерката, дали во меѓувреме има некои измени? Доколку има, кои се тие?

Од кабинетот на министерката на 13.11.2018 година одговорија:

„Во однос на имотната состојба на министерката Апостолска пријавена во Анкетниот лист во Државната комисија за спречување на корпуција ве информираме дека во деловите за „Недвижен“ и „Подвижен имот“, како и во делот на „Други приходи“ нема настанати промени заклучно со 12.11.2018 година.  Во  деловите за „Банкарски депозити“  во комерцијалните банки има мали промени, и тоа:

Банкараски депозити – Имот на брачен другар – Денарска сметка(Комерцијална банка АД Скопје) – состојбата од 300.663,00 ден. е променета на 302.363,00 ден.

Банкараски депозити – Имот на брачен другар – Денарска сметка(Комерцијална банка АД Скопје) – состојбата од 300.951,00 ден. е променета на 302.719,00 ден.

Банкараски депозити – Имот на брачен другар – Денарска штедна книшка(Халк банка АД Скопје)  – 162.186,00 ден. е променета на 187.676,00 ден.

Банкарски депозити – Имот на деца – Денарски депозит(Капитал банка АД Скопје) – состојбата од 202.207,00 ден. е променета на 233.632,00 ден.

Банкарски депозити – Личен имот -Девизна штедна книшка(Стопанска банка Скопје) – состојбата од 2.755,60 еур. е променета на 2.755,94 еур.

Банкарски депозити – Личен имот -Денарска штедна книшка(Стопанска банка Скопје) – состојбата од 93.069,00 ден. е променета на 95.202,00 ден.

Банкарски депозити – Личен имот – Денарски депозит(Комерцијална банка АД Скопје) – состојбата од 42.562,00 е промента на 42.807,00 ден.“.

css.php