Ивана Туфегџиќ

img

Ивана Туфегџиќ

Пратеник

Биографија

Пратеничката Ивана Туфегџиќ е родена на 11 февруари 1993 година во Скопје. Средно училиште завршила во гимназијата „Орце Николов“ – Скопје, а дипломирала политички науки на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На парламентарните избори во 2016 година станала пратеник како кандидат на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата освоила 10 пратенички мандати. Туфегџиќ претходно била еден од претставниците на Студентскиот пленум во преговорите со министерството за образование за изготвување нов закон за високо образование, како и дел од протестите против законот за воведување државен испит на факултетите. Како граѓански активист учествувала во низата протести на „Шарената револуција“ против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на 56 лица опфатени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, потпретседател
  • Комисија за надворешна политика, член;
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Комисија за европски прашања, заменик-член;
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член.

Имотна состојба

21.138 евра

Имотниот лист на Ивана Туфегџиќ се состои само од куќата на нејзините родители која е вредна 21.138 евра.

Вредноста на имотот на Ивана Туфегџиќ изнесува 21.138 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ во Централниот Регистар на Република Македонија е наведена како сопственик на Здружение за активно граѓанско општество и демократија ПОЛИТИКУМ Скопје кое во моментов е неактивно.

Активности

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 107
  • Број на отсуства: 4 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 10 закони и 19 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 4
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 12 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 23
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/28/30
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 8/32/50
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 200/0/397/200

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 62.892 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 440.244 денари или 7.158 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 18.592 денари или 302 евра.
css.php