Иван Иванов

img

Иван Иванов

Пратеник

Биографија

Пратеникот Иван Иванов е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 11 август 1971 година во Штип. Иванов има завршено Машински факултет, УКИМ, Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комисија за одбрана и безбедност, член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член

Имотна состојба

За пратеникот Иван Иванов на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција се достапни две имотни листи.

На двете имотни листи е воочливо дека пратеникот поседува моторно возило Тојота Корола вредно 5.886 евра. Неговите родители имаат две земјишта и куќа во Кочани вредни 59.129 евра како и помошни објекти во Кочани без наведена вредност.
Дополнително, на едната имотна листа има два штедни влогови од вкупно 13.496 евра на име на деца и една денарска платежна картичка од 3.740 евра на име на неговата сопруга.
На другата имотна листа  неговата сопруга има кредит од 2.049 евра а тој има кредитна картичка од 463 евра.

Медиумска изложеност

 

 

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 25
  • Број на отсуства: 30 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 14 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 3 дискусии на пленарна седница, 3 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 2
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/7/16
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 1/0/56
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 17/0/36/21

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 66.890 денари (со исклучок на месеците мај, јуни и јули, кога месечната плата изнесувала 67.197 денари).
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 343.527 денари или 5.586 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 58 евра

 

css.php