Иван Стоилковиќ

img

Иван Стоилковиќ

Пратеник

Биографија

Пратеникот Иван Стоилковиќ е член на партијата ДПСМ. Тој е роден на 15 февруари 1962 година во Куманово. Стоилковиќ  е дипломиран правник. Покрај српскиот,  зборува македонски, англиски и руски јазик.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Законодавно-правна комисија, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, член

Имотна состојба

За пратеникот Иван Стоилковиќ на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција се достапни две имотни листи.

Во двете имотни листи не е наведена вредноста на ставките.

Имотна листа 1:  Земјиште во Стрновац, стан во Куманово и две моторни возила Фолксваген Уп и Ауди А7.

Имотна листа 2: Стан и земјиште во Куманово и моторно возило Ауди 2.7.

 

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Иван Стоилковиќ во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како претседател на Политичка партија ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА СРБИТЕ и како овластено лице во Здружение на граѓани за хуманитарна помош и поддршка ВИВА Скопје и застапник по закон во Здружение Кошаркарски Клуб КСК 2013 Куманово. Двете здруженија во моментов не се активни.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 13 пати
  • Број на отсуства: 35 оправдани и 7 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/2/32
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/0/44
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 0/0/1/1

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 67.197 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 470.379 денари или 7.648 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 22.668 денари или 369 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 116 евра

 

css.php