Ирена Стефоска

img

Ирена Стефоска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Ирена Стефоска е родена на 16 септември 1967 година во Скопје. По професија е доктор по историски науки при Институтот за национална историја.

Активности во Собранието:

  • Комисија за култура, претседател;
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член;
  • Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, заменик-член;
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член;
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член;
  • Клуб на пратенички, член на претседателство.

Имотна состојба

49.146 евра
80 евра

Ирена Стефоска изјавила дека поседува два стана во Скопје вредни 14.999 односно 34.146 евра и девизен депозит од 80 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Стефоска изнесува 49.226 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

 

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеничката Ирена Стефоска во Централниот Регистар на Република Македонија е наведена како сопственик на Здружение за заштита на академските права ВОКС АКАДЕМИКА Скопје кое во моментов е неактивно.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 108 
  • Број на отсуства: 3 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 6 закони и 16 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 4 дискусии на пленарна седница, 6 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 16
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/19/22
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 5/10/29
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 205/0/384/207

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 71.970 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога земала 72.296 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 504.442 денари или 8.202 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 12,569 денари или 204 евра.
css.php