Катерина Кузмановска

img

Катерина Кузмановска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Катерина Кузмановска е родена на 15 јуни 1968 година во Струмица. По професија е специјалист – педијатар, а студиите ги завршила на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Активности во Собранието:

  • Комисија за здравство, член;
  • Комисија за локална самоуправа, член;
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член;
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива (ПД ЦЕИ), заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, член.

Имотна состојба

4.878 евра
207.902 евра
17.030 евра
3.000 евра

Катерина Кузмановска пријавила дека поседува земјиште во општина Василево вредно 3.000 евра. Преостанатиот имот припаѓа на нејзиниот сопруг. Тој има имот во Струмица и тоа, куќа вредна 119.197 евра и деловен простор од 64.000 евра. Во Берово поседува куќа за одмор проценета на 24.715 евра. Во 2015-та година имал закупнина од 98 евра, а од 2008 година го отплаќа кредитот во висина од 16.932 евра. Сопругот на Катерина Кузмановска поседува автомобил Мерцедес ЦДИ 200 1999/2013 вреден 4.878 евра.

Вредноста на пријавениот имот од страна на Катерина Кузмановска изнесува 232.180 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 4 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 2
  • Број на излагања на пленарна седница: 3 дискусии на пленарна седница, 7 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 13
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/9/9
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/34/41
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 174/0/274/88

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА:  69.967 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 489.769 денари или 7.964 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 368.287 денари или 5.988 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот од јануари-јули 2018 година: 141 евр0.
css.php