Кети Смилеска

img

Кети Смилеска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Кети Смилеска е родена на 13 декември 1974 година во Прилеп. По професија е дипломиран економист при Економскиот факултет – Прилеп.

Активности во Собранието:

  • Комисија за финансирање и буџет, член;
  • Комисија за локална самоуправа, член;
  • Комисија за европски прашања, заменик-член;
  • Комисија за здравство, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, член.

 

Имотна состојба

7.317 евра

Кети Смилеска изјавила дека поседува моторно возило Хјундаи Ацент вредно 2.439 евра и три кредита, за кои не ја навела вредноста. Нејзиниот сопруг, исто така има кредит, но не е позната неговата висина. Тој поседува автомобил Опел Астра вреден 4.878 евра.

 

Вредноста на пријавениот имот на Кети Смилеска изнесува 7.317 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 105 
  • Број на отсуства: 6 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 23 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 3дискусии на пленарна седница, 4 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 9
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/40/45
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/21/31
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 201/0/391/236

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.584 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земалa: 466.088 денари или 7.579 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 657.517 денари или 10.691 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 14.524 денари или 236 евра.
css.php