Костадин Ацевски

img

Костадин Ацевски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Костадин Ацевски е роден на 14 април 1979 година во Скопје. Тој по професија е дипломиран инженер по електротехника, а студиите ги завршил на Електротехничкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член;
  • Комисија за локална самоуправа, член;
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член;
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, член.

Имотна состојба

4.553 евра
99.511 евра
16.846 евра
190.243 евра

Костадин Ацевски има изјавено дека поседува имот во село Шишево, Скопско и тоа: куќа вредна 48.780 евра, земјоделско земјиште проценето 149.593 евра и шума вредна 40.650 евра. Тој во Скопје има и стан вреден 47.154 евра, како и подрум вреден 3.577 евра. Ацевски поседува и автомобил Фиат вреден 1.626 евра и добивма месечна кирија од 100 евра. Во однос на финансиите, тој има дозволено пречекорување на трансакциска сметка од 750 евра и кредит од 12.195 евра, а на кредитната картичка има 390 евра.
Сопругата на Ацевски поседува автомобил Киа Пиканто вреден 2.927 евра и има дозволено пречекорување на трансакциска сметка од 488 евра, како и кредит во висина од 2.927 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Костадин Ацевски изнесува 311.154 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности во 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 109 
  • Број на отсуства: 1 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 21 закони и 21 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 4 дискусии на пленарна седница, 14 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 18
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/34/35
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/33/56
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 204/0/415/230

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.969 денари, (со исклучок на периодот мај-јули кога земал плата од 66.276 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 462.704 денари или 7.524 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 5.685 денари или 92 евра.
css.php