Костадин Костадинов

img

Костадин Костадинов

Пратеник

Биографија

Костадин Костадинов е роден на 22 март 1990 година во Струмица. Основното и средно образование го завршил во родниот град, додека виско образование завршил на Економскиот факултет при ФОН Универзитетот. Од 2016 до 2017 година бил вршител на должноста Градоначалник на општина Струмица откако Зоран Заев по парламентарните избори формирал парламентарно мнозинство и подоцна ја презел функцијата премиер на Македонија.

Својата политичка кариера Костадинов ја започнува како член на Советот на општина Струмица. За време на мандатот на Зоран Заев тој ја вршел и функцијата Заменик градоначалник на општина Струмица, а во декември 2016 година, десетина дена по парламентарните избори, Костадинов станува вршител на должноста градоначалник на општина Струмица откако Заев се повлекува од истата поради ангажирања во парламентот како и блиското добивање на мандат за формирање на нова македонска влада. Ја врши должноста градоначалник сè до локалните избори во 2017 година и на 20 октомври функцијата ја презема победникот на изборите Коста Јаневски. Од ноември 2017 година Костадинов е пратеник во Собранието на Република Македонија на местото на Јаневски откатко со уште неколку пратеници им бил верифициран мандатот.

Во периодот од април 2011 до март 2018 година бил член и на Извршниот комитет на СДСМ, а од април 2011 до април 2013 година и заменик-претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица. Во март 2018 година е избран за член на Централниот одбор на СДСМ, а неколку месеци подоцна, во октомври, назначен е за нејзин портпарол.

Активности во Собранието:

  • Буџетски совет, член;
  • Законодавно-правна комисија, член;
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член;
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член;
  • Комисија за економски прашања, заменик-член;
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член.

Имотна состојба

8.943 евра
5.853 евра

Костадин Костадинов има изјавено дека поседува две моторни возила и тоа Ауди А6 вредно 7.317 евра и мотор Хонда ЦРФ вреден 1.626 евра. Тој има и кредит во висина од 4.715 евра и денарска платежна картичка со 1.138 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Костадин Костадинов изнесува 14.797 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Во изјава за СКУП, Костадинов вели дека моторот Хонда е продаден, а автомобилот Ауди А6 е даден во продажен салон како „стар за нов“.

„На лизинг имам земено нов автомобил Пежо 2008 Кросовер. Во врска со денарската платежна картичка, не сум сигурен колкава сума има, треба да проверам, но отприлика околу 30.000 денари. Додека пак, кредитот од 290.000 денари е вратен, а други кредити немам“.

На прашањето дали овие промени ги пријавил во Државната комисија за спречување на корупција, Костадинов вели дека поради голем број обврски не го сторил тоа.

„Знам дека имам должност и ќе ги пријавам, иако не станува збор за големи промени во имотот“ – додава пратеникот.

 

Медиумска изложеност

Костадин Костадинов во февурари 2019-та година изјави дека неговата мајка ќе се повлече од своето работно место, откако во јавноста излезе информацијата дека таа е вработена во Централниот регистар во Струмица со завршено средно школо.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Костадин Костадинов во Централниот Регистар на Република Македонија е регистриран како основач и сопственик на Друштво за производство, трговија и услуги МОЗАХ КОМПАНИ ДООЕЛ Струмица.

Во врска со Мозах, Костадинов вели дека постои, но е во фаза на стечај.

„Откако сум во Собрание, немам допирна точка со Мозах и тоа може да го проверите преку УЈП“ – изјави пратеникот.

 

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 110 
  • Број на отсуства: 1 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 10 закони и 157 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 3 дискусии на пленарна седница, 6 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 9
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/104/130
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/49/72
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 203/0/386/216

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 63.814 денари (со исклучок на останатите месеци кога земал плата од 64.123 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 447.934 денари или 7.283 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 483.538 денари или 7.862 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 11.651 денари или 189 евра.
css.php