Кочо Анѓушев

img

Кочо Анѓушев

Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори

Биографија

Кочо Анѓушев е роден на 20 јуни 1969 година во Велес, каде завршува основно и средно образование. Во 1992 година дипломира на Машинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што останува да работи како асистент на истиот факултет. Во 1995 година магистрира на Институтот за механика. Од 1996 година е научен истражувач на Машинскиот факултет во Ахен, Сојузна Република Германија, каде ја подготвува докторската дисертација со наслов „Влијанието на вибрациите кај лостовите и бреговите механизми врз нивните кинематички функции“. Во 1998 година докторира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во областа на механика и динамика на машини. По докторирањето, избран е за доцент, а потоа и за редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Во 1999 година своето работно искуство како професор го проширува во Лавборо, Англија каде е гостин професор на тамошниот Машински факултет од областа на динамика на машини. Од 2000 до 2002 година, Анѓушев ја извршува функцијата помошен генерален директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ), каде е одговорен за организирање на домашното производство на електрична енергија, инвестициското одржување на електраните и рудниците и спроведување на проекти за нивна модернизација и рехабилитација Во 2003 ја основал фирмата „Фероинвест“ која добила концесија врз 21 хидроелектрана во Македонија, а истата година Анѓушев купил мнозинство од акциите во фабриката за жичани производи „Брако“. Подоцна тој го основал претставништвото на групацијата ЕФТ во Македонија, кое се занимава со трговија на електрична енергија.
Од 2004 до 2017 година Анѓушев е активен член, а потоа и потпретседател на Стопанската Комора на Македонија. Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршува функцијата претседател на Македонската енергетска асоцијација, при Стопанската комора на Македонија.
Американското економско списание Форбс во 2014 го прогласило Анѓушев за еден од петте најбогати Македонци.

Имотна состојба

200.000 евра
1.530.488 евра
28.848.580 евра
146.341 евра
97.561 евра
Анѓушев располага со стан во Белград и куќа во Грција. Златниот накит, рачните часовници и уметничките слики и скулптури се вредни цели 240 илјади евра. Возниот парк на Анѓушев е исклучителен и се состои од Масерати ГТ, Порше Кајен и Мини Кантримен, како и Моторен чамец Регал. Анѓушев добива две ренти од деловен простор и две ренти за стан, како и пет денарски депозити. Добива и приходи од продажба на 10% удел во сопственост на „Феро Инвест“.

Вредноста на имотниот лист на Кочо Анѓушев изнесува 30.977.441 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција. 

 

css.php