Крешник Бектеши

img

Крешник Бектеши

Министер за економија

Биографија

Крешник Бектеши е роден 1985 година во Кичево. Тој зборува албански, македонски, англиски и турски јазик. Во 2008 година дипломирал на Колеџот за менаџмент со развој за применети науки и технологијa (менаџмент и бизнис администрација) на Институтот за технологија во Рочестер (САД), а во 2009 година се стекнува со титулата магистер по менаџмент и стратегија (логистика и управување со снабдувачки синџири) на Универзитетот Шефилд, Солун (Грција).
Од 2011 до 2016 година работи како раководител на Меѓународната канцеларија на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија во Брисел (Белгија), на промовирање на бизнис климата на Македонија и на привлекување на странски директни инвестиции од Белгија. Во рамките на работната позиција учествува и во помагање на компаниите од Белгија и Македонија во остварување на заедничка деловна соработка, како и во истражување на пазарот на Белгија, и организирање на B2B и B2G состаноци, бизнис форуми, семинари. Од 1 јули 2016 до 31 декември истата година, како раководител на Меѓународната канцеларија на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, работи како промотор на бизнисот на Република Македонија во Берн, Швајцарија, и е задолжен за соработката со Стопанската комора на Швајцарија.

Имотна состојба

64.927 евра
649.813 евра
1.323.000 евра
Крешник Бектеши поседува куќа во Кичево вредна 105.000 евра, градежно земјиште во Кичево вредно 1.200.000 евра и три автомобили Хјундаи тускон (22.000 евра), Голф 4 (2.927 евра) и Мерцедес бенз ЦЛС (40.000 евра).
Родителите на Бектеши имаат два стана во Каваја, Албанија вкупно вредни 52.000 евра и еден стан во Базел, Швајцарија вреден 192.000 евра. Тие, исто така, поседуваат и куќа вредна 200.000 евра во Приштина, две земјоделски земјишта вкупно вредни 23.000 евра, едно градежно земјиште во Кичево, вредно 100.000 евра и деловен простор кој се наоѓа исто така во Кичево, и е вреден 100.813 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Крешник Бектеши изнесува 2.037.740 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција. 

Од кабинетот на Крешник Бектеши на 15.11.2018 година во изјава за СКУП ја потврдија имотната листа на министерот и велат дека до сега нема промени во истата. За земјиштето кое го поседуваат неговите родители, изјавија дека се наоѓа во Кичево.

Медиумска изложеност

Медиумите пишуваа за трошоците за угостителски услуги на Крешник Бектеши.

css.php