Крсто Мукоски

img

Крсто Мукоски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Крсто Мукоски е роден на 21 септември 1974 година во Белград, Република Србија. Има завршено високо образование, при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола.

Активности во Собранието:

  • Комисија за прашања на изборите и именувањата,член;
  • Комисија за финансирање и буџет, член;
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член;
  • Комисија за економски прашања, заменик-член;
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член.

Имотна состојба

878 евра
65.041 евра
13.008 евра

Крсто Мукоски пријавил дека поседува имот во Вевчани и тоа куќа вредна 65.041 евра, како и две земјишта вредни 3.252 односно 9.756 евра. Тој има и автомобил Форд Да, вреден 878 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Крсто Мукоски изнесува 78.927 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

Новинарите од порталот Сакам Да Кажам пишуваа за патните трошоци на пратеникот.

Додека пак, од весникот Независен пишуваа за семејната фирма „Атриум“ на Мукоски.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016-та година СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањата на пратениците.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Крсто Мукоски во Централниот регистар на Република Македонија е регистриран како сопственик на Здружение КОЊИЧКИ КЛУБ СВЕТИ СПАС Охрид.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 18 
  • Број на отсуства: 82 оправдани и 11 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 1 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 4
  • Работни тела член/присуство/одржани: 8/0/88
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/0/36
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 1/0/5/17

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 67.814 денари (со исклучок на периодот од април – јули земал месечна плата од 68.122 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 475.930 денари или 7.739 евра.
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 5,875 денари или 96 евра.
css.php