Лидија Тасевска

img

Лидија Тасевска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Лидија Тасевска е родена на 10 јануари 1970 година во Куманово. Има завршено студии на Филолошки факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, а магистрирала на економски науки од областа на бизнис менаџмент.

Активности во Собранието:

  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член;
  • Комисија за европски прашања, член;
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член;
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член;
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член;

Имотна состојба

2.927 евра
211.644 евра
22.838 евра
813 евра
4.878 евра

Лидија Тасевска пријавила дека поседува накит вреден 4.878 евра и девизни депозити во вредност од 10.300 евра. На трансакциската сметка, Тасевка има 10.524 евра. Нејзниот сопруг освен автомобилот Волксфаген Поло кој е вреден 2.927 евра, поседува имот во Куманово и тоа две куќи вкупно вредни 56.246 евра, двор вреден 29.294 евра и две деловни простории вкупно вредни 126.104 евра. Тој има и уметнички слики во вредност од 813 евра и добива месечна кирија од 230 евра, а има и денарски депозит од 1.646 евра. Децата на Тасевска имаат два денарски позаита во вредност од 130 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Лидија Тасевска изнесува 243.099 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

Во истражувањето на СКУП од декември 2018-та година, „Накитот и сликите на пратениците се тешки 254.958 евра“, се открива дека Лидија Тасевска поседува слики вредни 813 евра.

Активности

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 111 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 22 закони и 141 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 8
  • Број на излагања на пленарна седница: 2 дискусии на пленарна седница, 12 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 11
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/18/22
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 8/57/60
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 207/0/418/231

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.660 денари (со исклучок на месец јули кога земала плата од 69.967 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 487.927 денари или 7.934 евра.
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 261.076 денари или 4.245 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 8.715 денари или 142 евра. 
css.php