Лилјана Кузмановска

img

Лилјана Кузмановска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Лилјана Кузмановска е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 15 јули 1962 година во Битола. Кузмановска има завршено Економски факултет.

Активности во Собранието:

  • Буџетски совет, заменик-претседател
  • Комисија за финансирање и буџет, претседател
  • Комисија за економски прашања, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, член
  • Клуб на пратенички, член на претседателство

Имотна состојба

8.943 евра
58.537 евра
14.634 евра

Пратеничката Лилјана Кузмановска има изјавувано дека поседува моторно возило Фолксваген пасат вредно 6.504 евра и кредит од 4.878 евра. Нејзиниот сопруг има земјоделско земјиште во Демир Хисар за кое не е наведена вредноста. Тој има и куќа вредна 58.537 евра во Битола, моторно возило Фиат Пунто вредно 2.439 евра и денарски депозит од 9.756 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Лилјана Кузмановска изнесува 82.114 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Промена на имотна состојба забележана на 19.2.2019 година:
Додаден кредит од 440.000 денари на лично име.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 20
  • Број на отсуства: 35 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 3 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 5 дискусии на пленарна седница, 7 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 15
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/9/30
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/8/27
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 5/0/19/22

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 75.223 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земалa: 526.561 денари или 8.562 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 348.011 денари или 5.659 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 519 евра
css.php