Магдалена Манаскова

img

Магдалена Манаскова

Пратеник

Биографија

Пратеничката Магдалена Манаскова е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 22 јуни 1981 во Кочани. Манаскова дипломирала Историја на уметноста и археологија – Филозофски факултет, УКИМ, Скопје. Специјалист за заштита на културно наследство, Рицумејкан универзитет – Кјото.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
  • Комисија за надворешна политика, заменик-претседател
  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за култура, член
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член

Имотна состојба

68.922 евра
1.951 евра
1.057 евра
813 евра

За пратеничката Магдалена Манаскова на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција се достапни две имотни листи.

Благородните метали, уметничките и колекционерски предмети, кредитот, станот и куќата се застапени во двете имотни листи. Со тоа што во едната имотна листа сите се во износ од 50.337 евра, додека во другата вкупниот износ е 72.743 евра.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 22
  • Број на отсуства: 33 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 18 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 3 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 6
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/6/20
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/2/11
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 4/0/8/4

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.046 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 455.322 денари или 7.404 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 129.024 денари или 2.098 евра

 

css.php