Маја Морачанин

img

Маја Морачанин

Пратеник

Биографија

Пратеничката Маја Морачанин е член на партијата ДОМ. Таа е родена на 14 април 1970 година во Скопје. Морачанин е специјалист физијатар, Медицински факултет – Скопје.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
  • Комисија за здравство, член
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Комисија за култура, заменик-член
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член

Имотна состојба

18.772 евра
93.496 евра
38.653 евра
26.016 евра
2.927 евра

Пратеничката Маја Морачанин има пријавено три земјишта во Србија вредни 26.016 евра, куќа во Србија вредна 12.195 евра, златен накит вреден 2.927 евра, две моторни возила, Мазда од 8.130 евра и Киа Рио од 10.642 евра. Таа има и акции, камата од депозит, девизна штедна книшка од 12.295 евра и денарска платежна картичка од 569 евра. Морачанини поседува и девизни средства во банкарски сеф во износ од 19.512 евра. Нејзините родители имаат стан во Скопје вреден 81.301 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Маја Морачанин изнесува 179.864 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Во изјава за СКУП на прашањето дали е ова нејзината имотна листа и дали има промени во истата, пратеничката одговори:
„Дел од информациите не се точни, како на пример состојбата со автомобилот. Јас го продадов возилото Мазда и купив возило Киа на кредит, кое е единственото возило што во моментов го поседувам, за што пријавив промена“.

Таа ни ги испрати податоците поврзани со нејзината имотна состојба, кои се разликуваат од оние кои се наведени во пријавената имотна состојба на ДКСК.

  1. Поседувам само едно возило-Киа Рио, со вредност од 654.462,00 денари согласно купопродажниот договор. Возилото Киа Рио е купено на кредит.
  2. Покрај депозитот на девизна штедна книшка во износ од 12.295,оо евра во Комерцијална банка, сега поседувам и денарски депозит на штедна книшка во износ од 123.000,оо денари, во НЛБ Тутунска банка.
  3. Девизните средства во банкарски сеф се намалени од 1.200.000,оо на 970.000,оо денари.
  4. На денарската платежна картичка во моментов поседувам 43.485,оо денари.

 

 

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеничката Маја Морачанин во Централниот регистар на Република Македонија е регистрирана како сопственик на: Здружение на граѓани ЕКО-ФЕМИНА Пробиштип и Приватна здравствена установа-специјалистичка оединација по физикална медицина и рехабилитација ПРИМАТЕРАПИ Скопје како и претседател на Политичка партија ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА Скопје.

Во изјава за СКУП, поврзана со детали околу горенаведените сопствеништва на пратеничката, таа одговори: „Јас уредно, точно и навремено, согласно законската регулатива, ги имам доставено сите потребни информации до Државната комисија за спречување на корупција“.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 1 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 1
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 2 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 17
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/9/10
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/23/27
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 170/0/263/82

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 67.814 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога месечната плата изнесувала 68.122 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 475.314 денари или 7.729 евра
css.php