Мендух Тачи

img

Мендух Тачи

Пратеник

Биографија

Пратеникот Мендух Тачи е член на партијата ДПА. Тој е роден на 3 март 1965 година во Тетово. Има завршено Факултет за стоматологија, Приштински Универзитет.

Со распадот на Југославија во Македонија се интензивираат албанските политички движења. Прва е формирана Партијата за демократски просперитет (ПДП), во која влегува и Тачи. Но, веќе во 1993 година, партиското радикално крило, ја напушта партијата и формира нова политичка сила, кој подоцна беше именувана како Демократската партија на Албанците. Нивен лидер бил Арбен Џафери, а заменик Мендух Тачи. Во 1998 година, по парламентарните избори, ДПА влегува во парламентот, и со тоа Тачи како заменик. Во 2006 година неговата партија се приклучува на владината коалиција. Во новоизбраниот парламент Тачи е член на комисијата за одбрана и безбедност.

Имотна состојба

3.902 евра
285.772 евра
194.919 евра

Пратеникот Мендух Тачи има изјавувано дека поседува куќа со двор вредна 211.382 евра  куќа со деловен простор и двор вредна 74.390 евра, двете во Тетово. Тачи има депозизт од 103.356 евра и кредит од 14.000 евра. Неговата сопруга поседува моторно возило Пежо вредно 3.902 евра и орочен девизен депозит од 52.961 евра. На неговата имотна листа има и побарување по основ на даден заем од 22.300 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Мендух Тачи изнесува 484.593 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

 

Истражувања

Во истражувањето ДРЖАВА НА БОГАТИТЕ ЛИДЕРИ од мај 2015-та година СКУП открива дека лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, тежи повеќе од половина милион евра. Тој поседува точно 613.406 евра (според денешен среден курс на НБМ) како недвижен, подвижен имот и банкарски депозити, податоци кои се пријавени во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 4
  • Број на отсуства: 49 оправдани и 2 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 0/0/0
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 0/0/0
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 0/0/11/0

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.352 денари (со исклучок на месеците мај, јуни и јули кога месечната плата изнесувала 69.660 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 486.388 денари или 7.909 евра

 

 

 

css.php