Мила Царовска

img

Мила Царовска

Министер за труд и социјална политика

Биографија

Мила Царовска е родена на 6 мај 1984 година во Скопје. Таа е мажена и има едно дете. Освен македонски, зборува и англиски јазик. Царовска е дипломиран социјален работник на институтот за социјална работа на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во периодот 2005–2015 година, била програмски координатор на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА), а од ноември 2015 до мај 2016 била советник во кабинетот на министерот Фросина Ременски. По дипломирањето работела во повеќе граѓански здруженија и невладини организации од сферата на трудот и социјалната заштита.

Имотна состојба

10.732 евра
148.943 евра
53.310 евра
Министерката Мила Царовска поседува автомобил Тојота Јарис 2008/2008 вредно 3.902 евра и два девизни депозити.

Нејзините родители поседуваат автомобил Сузуки Свифт 1996/1997 вредно 976 евра, два кредита во висина од 44.861 евра и две хартии од вредност (акции) чија вредност не е наведена во имотниот лист. Тие имаат и две куќи во Скопје вкупно вредни 148.943 евра.

Братот на министерката Царовска поседува автомобил Хонда Акорд 2006/2014 вреден 5.854 евра.

Вредноста на имотниот лист на Мила Царовска изнесува 212.984 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција. 

Од кабинетот на Мила Царовска во изјава за СКУП на 19.11.2018 година велат дека има промена во имотната состојба којашто е пријавена во ДКСК.

„Промената се однесува на стекнување со градежно земјиште во Кочани. Станува збор за две парцели градежно земјиште. Едната од парцелите со површина од 894 квадратни метри е на има е на министерката, додека другата со површина од 1.099 квадратни метри на име на нејзиниот брат.“ – изјавија оттаму.

Промена на имотна состојба забележана на 18.1.2019 година:
Покрај горенаведеното, на имотната состојба на Мила Царовска додадени се овие две земјоделски земјишта, од кои едното е на нејзино име, а другото припаѓа на нејзиниот брат. Двете земјишта вкупно се вредни 2.300 евра. 

Активности

МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.792 денари.

Податоци за потрошени средства за службени патувања на Мила Царовска во период од јануари – јули 2018 година.

Во одговорот по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер за фотокопии или скенирани податоци од изводи од службената картичка на министерката и нејзиниот заменик во период од јануари 2018-та до јули 2018-та година и фотокопии или скенирани податоци од документите по кои се книжени промените на сметка на репрезентација на министерството во период од јануари 2018-та до јули 2018-та е наведено дека Министерката за одбрана не користи службена картичка а заменик министерот  нема изводи од службената картичка односно нема потрошено во период од јануари 2018-та до јули 2018-та. Доставени се скенирани податоци од документите под кои се книжени промените на сметката за репрезентација на Министерството во период јануари 2018-та до јули 2018-та.

Министерката Мила Царовска, според Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавните функции, во 2018-та година, до месец мај, има потрошено 151.987 денари, и тоа:
– Дневници при патување во странство: 13.177 денари
– Трошоци за мобилен телефон: 9.349 денари
– Угостителски услуги во земата преку надворешни угостителски објекти: 9.807 денари
– Угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите: 110.310 денари
– Хотелско сместување во странство: 8.744 денари

css.php