Милева Ѓоргиева

img

Милева Ѓоргиева

Пратеник

Биографија

Пратеничката Милева Ѓоргиева е родена на 17 март 1963 година во Струмица. Завршила студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Активности во Собранието:

  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик- претседател;
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член;
  • Комисија за труд и социјална политика, член;
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член;
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член.

 

Имотна состојба

4.927 евра
72.455 евра
34.936 евра

Милева Ѓоргиева има изјавувано дека располага со кредит од 15.000 евра. Со сопругот поседуваат стан во Радовиш вреден 20.163 евра.
Сопругот на Ѓоргиева поседува имот во Радовиш и тоа куќа вредна 27.955 евра и деловен простор вреден 24.337 евра. Во периодот од 2010-2017 имал закуп од 146 евра. Тој на штедната книшка има 10.000 евра, а има и кредит од во висина од 3.800 евра.
Децата на Ѓоргиева поседуваат два автомобила Мерцедес А 170 и Мерцедес Е220 вкупно вредни 4.930 евра. Тие, покрај моторните возила, располагаат и со два кредита, едниот во висина од 2.765, а другиот 3.252 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Милева Ѓоргиева изнесува 201.675 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016-та година СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањата на пратениците.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 111 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 16 закони и 34 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 3 дискусии на пленарна седница, 9 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 8
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/38/42
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/68/78
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 208/0/421/236

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 71.197 денари (со исклучок на периодот од март-јули земала плата од 71.506 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 499.924 денари или 8.129 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 812.063 денари или 13.204 евра.
css.php