Невенка Стаменковска

img

Невенка Стаменковска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Невенка Стаменковска е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 21 август 1983 година во Скопје. Стаменковска има завршено Правен факултет – правни студии, „Св.Кирил и Методиј“. Магистер по европско право и право на ЕУ.

Активности во Собранието:

  • Законодавно-правна комисија, член
  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за локална самоуправа, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член

Имотна состојба

59.027 евра
3.902 евра

Пратеничката Невенка Стаменковска има изјавувано дека поседува две моторни возила, Опел Корса и Форд Фусион за кои не е наведена вредноста. Таа има кредит од 3.902 евра. Нејзините родители имаат два стана во Скопје вредни 59.027 евра и куќа за која не е наведена вредноста. На имотот на родителите има и моторно возило Форд Фиеста.

Вредноста на пријавениот имот на Невенка Стаменковска изнесува 62.929 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Активности

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 69
  • Број на отсуства: 42 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 408 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 6
  • Број на излагања на пленарна седница: 14 дискусии на пленарна седница, 12 (контра) реплики и 1 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 24
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/14/130
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/19/50
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 13/0/51/69

Податоците се преземени од извештајниот период од  јануари до  јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.352 денари (со исклучок на месеците март, април, мај, јуни и јули кога месечната плата изнесувала 65.659 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 458.999 денари или 7.463 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 469 евра
css.php