Никица Корубин

img

Никица Корубин

Пратеник

Биографија

Пратеничката Никица Корубин е член на партијата ЛДП. Таа е родена на 22 мај 1976 година во Скопје. Корубин е Магистер по археологија и историја на уметност, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за култура, член
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, член

Имотна состојба

1.951 евра
134.820 евра

Пратеничката Никица Корубин има само имот на родители и тоа: земјиште и куќа без наведена вредност во Скопје, гаража од 1.626 евра во Скопје, стан во Охрид од 48.234 евра и стан во Скопје од 84.659 евра. На име на родителите има и две моторни возила Фиат Чиквеченто од 488 евра и Тојота Сарина од 1.463 евра.

Вредноста на имотот на Никица Корубин изнесува 136.771 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Во изјава за СКУП на прашањето дали е ова нејзината имотна листа и дали има промени во истата, пратеничката одговори:
„Тоа е мојата имотна листа што ја пријавив кога станав пратеничка, на 01.06.2017 година, и нема промена на истата“.
На прашањето дали поседувате фирми или акции, таа изјави дека не поседува.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеничката Никица Корубин, во Централниот регистар на Република Македонија е регистрирана како Заменик Претседател во Здружение на граѓани КАРМ – Центар за културен и археолошки ресурсен менаџмент Скопје.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 71 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 2
  • Број на излагања на пленарна седница: 4 дискусии на пленарна седница, 3 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 11
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/12/12
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/4/4
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 174/0/274/90

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.584 денари (со исклучок на месеците април, мај, јуни и јули кога месечната плата изнесувала 66.890 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 467.312 денари или 7.599 евра

 

 

 

 

css.php