Никола Груевски

img

Никола Груевски

Пратеник

Биографија

Никола Груевски е роден во Скопје на 31 август 1970 година. Основно и средно образование завршил во Скопје, а подоцна дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола во 1994. Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 12 декември 2006.
Во периодот 1995-1998 година работи како директор на одделот за „безбедност, планови и анализи“ во Балканска банка во Скопје. Потоа продолжува како управник од Република Македонија во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој. Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонската берза.
Од 1999 до 2002 година Груевски е Министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски. Потоа од 2006 до 2016 година тој е Претседател на Владата на Република Македонија.

Имотна состојба

Пратеникот Никола Груевски изјавил дека има 33 уметнички слики вредни 10.976 евра, средства во готово во износ од 2.718 евра, кредитна картичка Visa Gold од 5.087 евра, девизна платежна картичка од 1.854 евра, две девизни сметки од 50 и 812 евра. Груевски има десет орочени депозити од 99.473 евра, седум девизни депозити од 8.388 евра, два денарски депозити од 1.186 евра и шест трансакциони сметки од 12.006 евра. Неговата сопруга девизна сметка од 7.000 евра и денарска сметка од 942 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Никола Груевски изнесува  150,486 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Медиумска изложеност

Во случајот Насилство во Општина Центар се осомничени актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Даниела Рангелова. За овој случај е поднесен обвинителен предлог против 14 лица за кривичното дело „Насилство“ од член 386 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пратеникот Никола Груевски е осуден на две години затвор за влијание МВР да купи блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра од пари на полицијата, по негова лична желба.

Во „Тенк“ Груевски е обвинет за кривично дело  „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 2 од КЗ.

Тој, исто така е вмешан и во 4 други предмети на СЈО. „Титаник“ за изборните нерегуларнсоти, „ТНТ“ за уривањето на Космос, „Траекторија“ и „Шамарите во Центар“.

Пратеникот Никола Груевски побара политички азил во Унгарија.

 

Истражувања

Во истражувањето ДРЖАВА НА БОГАТИТЕ ЛИДЕРИ од мај 2015-та година СКУП открива дека имотот на Груевски за седум години е зголемен за пет пати.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 3
  • Број на отсуства: 31 оправдани и 21 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 73 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 1/0/0
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 0/0/0
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 0/0/1/0

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.044 денари (со исклучок на месеците април, мај, јуни и јули кога месечната плата изнесувала 69.352 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 484.540 денари или 7.879 евра
css.php