Никола Димитров

img

Никола Димитров

Министер за надворешни работи

Биографија

Никола Димитров е роден на 30 септември 1972 година во Скопје. Тој е оженет и има три деца.

Докторанд е при Институтот за безбедност, одбрана и мир, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”.

Во 1998 година станал магистер по правни науки на Универзитетот во Кембриџ, Обединетото Кралство, а во 1996 година дипломирал на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Од 1993 до 1994 година бил секретар за образование при Сојузот на студенти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, а две години подоцна во 1996 до 2001 година е демонстратор на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” по Меѓународно јавно право и Меѓународно право за правата на човекот.

Својата професионална кариера ја започнал во 1996 година во министерството за надворешни  како советник од областа меѓународно право за правата на човекот.

Бил назначен за заменик министер во 2000, а бил и советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски.

Во 2002 бил именуван за македонски амбасадор во САД доаѓајќи на местото на Љубица Ацевска. Со 32 години бил најмладиот амбасадор во САД, а за време на неговиот престој во 2004 САД ја признале Македонија под уставното име.

Димитров бил македонски претставник во преговорите околу спорот за името помеѓу Македонија и Грција, а бил и правен застапник на Македонија при тужбата пред меѓународниот суд за правда во Хаг против Грција за прекршување на привремената спогодба.

Во 2009 станал македонски амбасадор во Холандија. По завршување на неговиот мандат во 2013 требало да замине како амбасадор во Германија, но на негово место бил назначен Никола Колев.

Во 2014 ја одбил задачата да биде македонски амбасадор во Русија и кариерата ја продолжил во Хашкиот институт за глобална правда.

Имотна состојба

13.008 евра
446.054 евра
370.845 евра
Министерот Никола Димитров пријавил дека има стан во Скопје вреден 89.431 евра, едно моторно возило „Мерцедес Б180 2011/2011“ вредно 13.008 евра, месечна кирија од околу 500 евра, две девизни книшки од 6.144 односно 10.888 евра.

Тој добива и надоместок од 1.789 евра за побарување по основ на извршена работа.

Заедно со сопругата имаат стан во Хаг, Холандија вреден 315.973 евра, две девизни штедни книшки од 13.984 односно 56.675 евра и кредит од 280.865 евра.

Како имот на неговите деца е пријавен еден стан во Скопје вреден 40.650 евра.

Вредноста на имотниот лист на Никола Димитров изнесува 829.908 евра и истата е пресметана од податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

Порталот „Макфакс“ пишуваше за колку пари на холандските даночни обврзници завршиле како плата за Никола Димитров, како вработен и близок човек на претседателот на Институтот, Аби Вилијамс, за кого холандските медиуми објавија дека имал невообичаено висока плата од 223.497 евра годишно.

css.php