Никола Мицевски

img

Никола Мицевски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Никола Мицевски е член на партијата  ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 13 март 1975 година во Штип.  Мицевски има завршено Земјоделски факултет, УКИМ; Магистер по економски науки од областа на МБА-Менаџмент.

Активности во Собранието:

  • Комисија за финансирање и буџет, член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, член

 

Имотна состојба

6.917 евра
130.352 евра
13.978 евра
1.124 евра

Пратеникот Никола Мицевски има пријавено дека поседува моторно возило Хјундаи ИХ 35 вредно 3.015 евра, девизна сметка од 5.000 евра и 2.000 американски долари, денарска штедна книшка од 4.683 евра, трансакциона сметка од 325 евра и кредит од 4.878 евра. Неговата сопруга има земјиште и стан во Штип вредни 7.772 евра и трансакциона сметка од 325 евра.  Заедно имаат моторно возило Фиат Брава CX 1.4, вредно 3.902 евра. Неговите родители имаат земјиште, две куќи, помошни објекти, станбена зграда и стан, сите во вредност од  123.582 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Никола Мицевски изнесува 152.371 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Во изјава за СКУП на прашањето дали е ова неговата имотна листа и дали има промени во истата, пратеникот одговори: „Ве известувам дека мојата имотна листа е таа, и нема никакви промени во неа“.
На прашањето дали поседува фирми или акции, тој изјави дека не поседува.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 22 
  • Број на отсуства: 33 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 71 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 4 дискусии на пленарна седница, 8 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 13
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/19/40
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 1/5/56
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 14/0/27/17

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.584 денари (со исклучок  на месеците мај, јуни и јули кога месечната плата изнесувала 66.890 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 467.006 денари или 7.594 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 224.208 денари или 3.646 евра

 

css.php