Никола Попоски

img

Никола Попоски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Никола Попоски е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден 24 октомври 1977 година во Скопје. Зборува француски, англиски, италијански, холандиски и хрватски. Поповски завршил на економскиот факултет на Скопскиот универзитет и бил стипендист на француската влада на универзитет во Ница. Магистрирал европски економски студии на колеџот на Европа во Брухе, Белгија.

Во периодот од 2003 до 2004 работел во државната управа на руренско пристаниште, а до 2004 бил и секретар во француската амбасада во Македонија. Во 2010 година бил именуван за амбасадор на Македонија во мисијата на ЕУ во Брисел.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, претседател
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член

Имотна состојба

30.098 евра
315.447 евра
191.760 евра

Пратеникот Никола Попоски има пријавено стан од 87.805 евра во Скопје, и девизен депозит од 7.293 евра. Неговата сопруга има девизен депозит 34.036 евра а заедно поседуваат стан во Брисел вреден 227.642 евра, две моторни возила, Ауди А3 вредно 13.984 евра и Тојота Корола вредна 16.114 евра како и денарска сметка од 1.200.000 денари и кредит од 19.512 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Никола Попоски изнесува 544.597 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Промена на имотна состојба забележана на 19.2.2019 година:
Ауди А3 вредно 13.984 евра е заменето со БМВ Х1 вредно 2.500.000 денари.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 19
  • Број на отсуства: 34 оправдани и 2 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 68 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 2
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/4/20
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 1/0/0
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 1/0/15/3

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.046 денари (со исклучок на месец јануари кога месечната плата изнесувала 64.738 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 455.014 денари или 7.399 евра
css.php