Оливер Спасовски

img

Оливер Спасовски

Министер за внатрешни работи

Биографија

Оливер Спасовски е роден на 21 октмври 1976 година во Куманово. Тој е женет и има две деца. Основното и средното училиште го завршил во Куманово, а подоцна дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, по што работел како адвокатски приправник, советник на градоначалникот на Куманово и секретар во општина Куманово.
Како министер за внатрешни работи бил на функција од 2 септември 2016 до 12 декември истата година. Претходно, во периодот од 11 ноември 2015 до 19 мај 2016 ја извршувал истата функција, по договорот од Пржино. Спасовски повторно стапува на должност како министер за внатрешни работи на 1 јуни 2017 година кога парламентарното мнозинство ја изгласа новата влада на чело со Зоран Заев. Во два мандата е избриран за пратеник, на изборите во 2006 и 2011 година. На парламентарлните избори во 2016 година бил носител на листа во изборна единица 2, предводена од коалицијата на СДСМ.

Имотна состојба

11.219 евра
140.000 евра
19.349 евра
123.891
4.228 евра
Министерот Спасовски поседува автомобил Пежо 307 2006/2006 вредно 4,878 евра, куќа во Куманово вредна 120.000 евра и уметнички слики во вредност од 4.228 евра. Спасовски има и две денарски платежни картички со вкупна вредност од 7.154 евра, како и кредит 9.756 евра.

Неговите родители поседуваат две денарски платежни картички во вредност од 1951 евра, куќа во Старо Нагоричане вредна 20.000 евра, две земјишта во вредност од 55.111 евра, како и шума исто така во Старо Нагоричане која е вредна 68.780 евра. Тие располагаат со автомобил Шкода Фабија 2008/2010 вреден 3.902 евра и трактор Фергусон ИМТ 533 1980/1980 вреден 2.439 евра.

Сопругата на Спасовски има денарска платежна картичка со 488 евра.

Вредноста на имотниот лист на Оливер Спасовски изнесува 298.688 евра и истата е пресметана од податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција. 

css.php