Павле Богоевски

img

Павле Богоевски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Павле Богоевски е роден на 14 февруари 1986 година во Скопје. Дипломирал на факултетот за безбедност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На парламентарните избори во 2016 година станал пратеник како петти носител на пратеничката листа на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата освоила 10 пратенички мандати. Богоевски претходно работел како асистент на факултетот за безбедност во Скопје и ментор во полициската академија, а потоа и во ЛГБТ центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права. Богоевски бил еден од предводниците на протестното движење „Шарена револуција“ кое барало поништување на аболициите кои претседателот Ѓорге Иванов во 2016 ги дал на 56 лица опфатени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

Активности во Собранието: 

  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, претседател;
  • Комисија за одбрана и безбедност, член;
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член;
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член;
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член.

Имотна состојба

1.626 евра
65.564 евра
7.642 евра
25.951 евра

Имотниот лист на Павле Богоевски се состои од имотот на неговите родители и тоа земјиште и куќа во Скопје, вредни 91.515 евра.

На неговата имотна состојба се уште стојат податоци за имотната состојба за неговата поранешна сопруга кои се пресметани во неговата вкупна имотна состојба и тоа: автомобил Фиат Пунто вреден 1.626 евра и два кредити од вкупно 7.642 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Павле Богоевски изнесува 100.784 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

Богоевски беше обвинет за фрлање боја врз фасадата на Министерството за култура за време на протестите од 18 април 2016 година, но судските рочишта повеќе пати се одлагаа бидејќи обвинителството не пресмета колкава материјална штета била предизвикана. Подоцна обвинителството се откажа од кривичен прогон на пратеникот бидејќи се утврди дека никој нема право без одобрение на Заводот за заштита на спомениците на културата да презема какви било дејствија врз заштитениот објект, а уште помалку да го вештачи. Единствена надлежна и лиценцирана институција за утврдување штета на вакви објекти е Заводот за конзервација.

Активности

Собраниски активностиза 2018 година:

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • Број на присуства во Собрание: 115
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 6 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 8 закони и 113 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 6
  • Број на излагања на пленарна седница: 7 дискусии на пленарна седница, 11 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 19
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/17/27
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/3/6
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 208/0/413/229

 

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 67.419 денари (со исклучок на периодот март-јули кога земал плата од 67.743 денари )
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 473.553 денари или 7.700 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 133 евра.
css.php