Панче Иванов

img

Панче Иванов

Пратеник

Биографија

Пратеникот Панче Иванов е роден на 20 септември 1964 година во Велес. Има завршено студии на Економски факултет.

Активности во Собранието:

  • Комисија за финансирање и буџет, член;
  • Комисија за економски прашања, заменик-член;
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член;
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член;
  • Комисија за здравство, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, член.

 

Имотна состојба

6.341 евра
104.065 евра
11.949 евра
9.594 евра

Панче Иванов има изјавувано дека поседува земјиште во Оризари вредно 4.878 евра, како и со земјоделско земјиште во Велес вредно 2.927 евра. Тој во Велес има и лозје кое е проценето на 1.789 евра. Во село Голозници располага со куќа вредна 22.764 евра. Возниот парк на Иванов се состои од два автомобила Голф 4 вкупно вредни 5.041 евра и Голф 3 вреден 1.300 евра. На двете денарски штедни книшки има вкупно 4.078 евра, а има и „недефинирани побарувања“ од 2012 година кои се „стекнати на друг начин“ и истите се во висина од 3.642 евра.
Родителите на Иванов поседуваат стан со помошни простории во Велес вреден 81.300 евра, додека пак, неговата сопруга има девизен депозит во висина од 4.230 евра.

Вредноста на имотот пријавен од Панче Иванов изнесува 131.950 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 110 
  • Број на отсуства: 1 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 25 закони и 44 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 6 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 15
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/39/43
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 8/50/82
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 204/0/406/217

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.889 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 496.223 денари или 8.069 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 318.907 денари или 5.185 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 7.114 денари или 116 евра.
css.php