Панчо Минов

img

Панчо Минов

Пратеник

Биографија

Пратеникот Панчо Минов е член на партијата ГРОМ. Тој е роден на 21 август 1958 година во Кавадарци. Минов е дипломиран политиколог, Факултет за политички науки; дипломиран правник, Правен факултет.

Активности во Собранието:

  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
  • Комисија за економски прашања, заменик-член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член

Имотна состојба

800 евра
28.152 евра
15.509 евра

Пратенкот Панчо Минов има пријавено куќа во Кавадарци вредна 15.610 евра. Неговата сопруга има стан во Скопје вреден 15.542 евра. Моторно возило Тојота Авенсис вредно 800 евра, акции и побарување по основ на даден заем од 6.829 евра. Заедно тие имаат кредит од 8.679 евра и ДУТПУ „ПЕЛИ“ ДОО Кавадарци. На имот на родители има лозје вредно 488 евра во Кавадарци.

Вредноста на имотот на Панчо Минов изнесува 45.198 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Промена забележана на 25.3.2019 година:

На имотната листа додаден е непрецизиран имот вреден 23.600 евра, кој е во сопственост на сопругата на Минов и се наоѓа во Кавадарци.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 79
  • Број на отсуства: 32 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 9 закони и 7 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 26
  • Број на излагања на пленарна седница: 35 дискусии на пленарна седница, 39 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 70
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/33/66
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/53/106
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2):  33/0/75/61

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 76.198 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 533.386 денари или 8,673 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 560.372 денари или 9.112 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 82 евра.
css.php