Радмила Шекеринска Јанковска

img

Радмила Шекеринска Јанковска

Министер за одбрана

Биографија

Радмила Шекеринска Јанковска е родена на 10 јуни 1972 година во Скопје. Таа е мажена и има едно дете. Освен македонски зборува и англиски јазик. Шекеринска дипломирала на Електротехничкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје во 1995 година. На почетокот на својата работна кариера од 1997 до 2002 година работела како асистент на Електротехничкиот факултет. Во 2007 година магистрира на престижната школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД и се стекнува со називот Магистер по меѓународни односи.

На 31 мај 2017 година е избрана за Министер за одбрана на Република Македонија. На 5 јуни 2017 е избрана и за Вицепремиер во Владата на Република Македонија. Во периодот од 2008 до 2014 била раководител со Националниот совет за европски интегации, а од 2009 и 2012 е избрана за Шеф на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарни избори во Киргистан и во Ерменија. Во 2008 година била избрана за еден од потпретседателите на Социјалистичката интернационала (СИ), функција што ја обавувала до 2011 година. Член е на Претседателството на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) која ги обединува социјалдемократските, социјалистички и лабуристички партии во Европа. Од 2002 година до 2006 година е Заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европска интегација и координатор за странска помош. Во тоа својство ја подготвила кандидатурата на Република Македонија за членство во Европската унија и го раководела процесот на внатрешни подготовки за обезбедување на кандидатскиот статус. Во тоа време, Република Македонија го доби статусот на земја кандидат за членство во Европската унија. На 5 ноември 2006 година е избрана за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Република Македонија до 2008 година. Со тоа станува единствената жена која досега раководела со една од големите политички партии во Република Македонија.

Имотна состојба

260.019 евра
70.937 евра
Министерката Шекеринска поседува стан во Скопје вреден 44.754 евра, орочен девизен депозит во висина од 13.235 евра, како и три девизни сметки во висина од 3.458 евра и денарска штедна книшка со 20 евра. На трансакционата сметка таа има 3.182 евра. Шекеринска поседува и уметничка слика „Циганка“ од Никола Мартиновски за која не е наведена вредноста.
Нејзиниот сопруг поседува три стана, од кои едниот во Охрид, а другите два во Скопје. Во негова сопственост се и две трансакциски сметки од 1.895, односно 4.582 евра, две кредитни картички од 6.341 односно 4.264 евра, една девизна сметка од 515 евра и една денарска штедна книшка 16.298 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Радмила Шекеринска Јанковска изнесува 330.957 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната изборна комисија за спречување корупција. 

Од кабинетот на Радмила Шекеринска во изјава за СКУП на 8.11.2018 година ја потврдија имотната состојба на министерката, со исклучок на податокот за залог за потрошувачки кредит во износ од 6.907,00 евра.

„Во август месец годинава известени се за исплатен потрошувачки кредит и таа измена е внесена, но не знаеме од која причина не е избришан залогот за потрошувачки кредит кој сеуште стои во списокот.“ велат оттаму.

Воедно, додаваат дека вредноста на станот во Охрид, кој го поседува нејзиниот сопруг, а е стекнат во 2006 година, изнесува 55. 620 евра. Додека пак, вредноста на станот во Скопје, кој е исто така во сопственост на нејзиниот сопруг, а е стекнат со договор за подарок од родители, изнесува 65.619 евра. За уметничката слика „Циганка“ од Никола Мартиновски изјавија дека семејството ја поседува повеќе од 40 години, а министерката ја добила како наследство од починати баба и дедо, па затоа семејството нема податок за нејзината вредност.

Активности

МЕСЕЧНА ПЛАТА: 71.066 денари.

На бараната информација за потрошени средства за службени патувања на Радмила Шекеринска Јанковска, од министерството за одбрана не упатија на Алатка за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции.

Во одговорот по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер за фотокопии или скенирани податоци од изводи од службената картичка на министерката и нејзиниот заменик во период од јануари 2018-та до јули 2018-та година и фотокопии или скенирани податоци од документите по кои се книжени промените на сметка на репрезентација на министерството во период од јануари 2018-та до јули 2018-та е наведено дека Министерката за одбрана не користи службена картичка, а за трошоците направени со службената картичка на заменик министерот ни е доставен извод од банка за месец јануари и февруари 2018 година.

Министерката Радмила Шеќеринска Јанковска, според Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавните функции, во 2018-та година, до месец мај, има потрошено 549.000 денари, и тоа:
– Авионски карти: 150.852 денари
– Вип салони на аеродроми: 7.986 денари
– Дневници при патување во странство: 67.653 денари
– Подароци подарени на службени лица или меѓународни организации, дадени за време на официјални посети, гостување или во други околности: 42.305 денари
– Такси превоз: 1.727 денари
– Трошоци за мобилен телефон: 31.487 денари
– Угостителски услуги во странство: 10.634 денари
– Угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите: 50.342 денари
– Хотелско сместување во странство: 186.044 денари

 

css.php