Реџаиљ Исмаили

img

Реџаиљ Исмаили

Пратеник

Биографија

Пратеникот Реџаиљ Исмаили е член на партијата ДУИ. Тој е роден на 2 ноември 1966 година во с.Слупчане, Куманово. Исмаили има завршено Земјоделски факултет.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за култура, заменик-претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за финансирање и буџет, член
  • Комисија за економски прашања, член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Комисија за здравство, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Големото Војводство Луксембург, член

Имотна состојба

4.878 евра
146.641 евра
49.390 евра

Пратеникот Реџаиљ Исмаили има изјавувано дека поседува куќа во Куманово вредна 146.641 евра, моторно возило Ауди А6 вредно 4.878 евра, кредит од 24.390 евра денари и парични срества од 25.000 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Реџаиљ Исмаили изнесува 200.610 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 47 
  • Број на отсуства: 6 оправдани и 2 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 13 закони и 2 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 6
  • Број на излагања на пленарна седница: 2 дискусии на пленарна седница, 3 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 22
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/66/84
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/7/18
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 196/0/252/93

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 68,429 денари (со исклучок на периодот април-јули кога земал плата од 72.621 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 494.752 денари или 8.045 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 203.695 денари или 3.312 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 1.375 евра.
css.php