Ристе Ташев

img

Ристе Ташев

Пратеник

Биографија

Пратеникот Ристе Ташев е роден 30 март 1981 година во Неготино.  Тој по професија е дипломиран економист во областа на менаџмент, при Економскиот факултет во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член;
  • Комисија за економски прашања, член;
  • Комисија за здравство, член;
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член;
  • Комисија за европски прашања, заменик-член;
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член;
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, член.

 

Имотна состојба

19.536 евра
45.528 евра
27.212 евра
8.130 евра

Ристе Ташев има пријавено дека поседува два кредита во вкупна вредност од 17.236 евра и поседува автомобил Форд Фокус вреден 17.585 евра. Неговите родители располагаат со имот во Неготино, и тоа: куќа вредна 45.528 евра и лозје вредно 2.439 евра. Тие, исто така, имаат и земјоделско земјиште во Демир Капија кое е проценето на 5.690 евра. На девизна штедна книшка имаат 9.000 евра, а имаат и кредит во висина од 976 евра кој треба да се исплати до 2023 година.

Вредноста на пријавениот имот на Ристе Ташев изнесува 100.407 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 111 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 6 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 5 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 4
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/36/41
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 8/76/97
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 208/0/412/234

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА:  Првите два месеци од годината земал плата од 65.969 денари, додека во периодот март-јули земал плата од 66.276 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 463.318 денари или 7.534 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 508.992 денари или 8.276 евра.
css.php