Роберт Поповски

img

Роберт Поповски

Министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност

Биографија

Министерот Роберт Поповски е роден 14 јуни 1967 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во повеќедецениското искуство од областа на новинарството, Поповски бил дел од уредувачката политика на Канал 5 (2002-2006), Телма (1997-1998), Сител (1994-1995 ) и МТВ (1987-1995).

Бил автор и уредник на повеќе политички емисии: „X/О“ и „Лавиринт“ на Канал 5 ТВ, „Агол“ на Телма ТВ, „Без наслов, но со повод“ на МТВ, „Неделно попладне“, „Добро утро Македонијо“ на Македонската радиотелевизија.

Во периодот од 1997 до 1998 година, Поповски работи и како колумнист во неделникот ,,Денес“, додека во периодот  од 1986 до 1987 година е новинар во Скопската рубрика на „Вечер“ и „Нова Македонија“.

Во 2002 година ја доби наградата „Новинар на годината“ што ја доделуваше весникот „Вечер“.

Од 2003 до 2005 беше Генерален секретар на ЗНМ, а од 2005  до 2010 ја извршуваше функцијата Претседател на Здружението на новинарите на Македонија.

На оваа функција доаѓа од позицијата Советник на претседателот на социјалдемократскиот сојуз на Македонија за комуникации и креирање политики што ја извршуваше од 2013 до 2017 година.

 

Имотна состојба

645.528 евра
19.512 евра
163 евра
Министерот Роберт Поповски пријавил дека има стан  во Скопје вреден 61.789 евра и друг личен имот во износ од 163 евра.

Неговата сопруга, исто така, има стан во Скопје вреден 69.106 евра како и уметнички слики вредни  19.512 евра.

Заедно тие имаат куќа во Скопје вредна 105.691 евра и двор од 40.650 евра.

Родителите на Поповски имаат стан во Скопје вреден 68.293 евра.

Вредноста на имотниот лист на Роберт Поповски изнесува 365.203 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Министерот Роберт Поповски на 12.11.2018 година за СКУП потврди дека тоа е неговата имотна листа и во истата нема промени. На прашањето за кој тип на личен имот во вредност од 10.000 илјади денари наведен во имотната листа станува збор тој одговори дека станува збор за накит на неговата сопруга.

css.php