Рубин Земон

img

Рубин Земон

Пратеник

Биографија

Пратеникот Рубин Земон е член на Партијата за општествен и економски напредок – „ПОЕН“. Тој е роден на 25 октомври 1970 година во Струга. По професија е доктор по етнологија, при Етнографскиот институт со музеј при БАН во Софија, Република Бугарија.

Активности во Собранието:

  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член;
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член;
  • Комисија за култура, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член.

Имотна состојба

6.016 евра
76.423 евра
18.110 евра

Рубин Земон во своја сопственост има кредит од 2.088 евра и кредитна картичка со 585 евра. Тој исто така поседува и финансиски средства од 12.503 евра, но не е наведена нивната карактеристика, односно, дали станува збор за кредит, заем, депозит и слично.

Сопругата на Земон има кредит од 1.958 евра и кредитна картичка со 325 евра, како и автомобил Рено Флуенце од 6.016 евра. Додека пак, родители на Земон поседуват стан во Охрид од 76.423 евра и девизен депозит од 650 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Рубин Земон изнесува 100.549 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

Рубин Земон го сврте вниманието на јавноста со изјавата за ракометарот Стојанче Стоилов.

css.php