Садула Дураки

img

Садула Дураки

Министер за животна средина и просторно планирање

Биографија

Садула Дураки е роден на 21 јануари 1960 година во Липково. Дипломирал на машински факултет при Универзитетот во Приштина (1990 година).  Од 1997 до 2000 година бил наставник во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, а во периодот од 2000 до 2005 година е виш цариснки соработник во царинската управа. Потоа ја презема функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Четири годинии подоцна, во 2009 станува градоначалник на општина Липково каде останува на функција до 2017 година. По оваа функција, станува министер за животна средина и просторно планирање.

Имотна состојба

7.967 евра
22.764 евра
303 евра
22.137
Садула Дураки пријавил дека поседува едно моторно возило Ауди А4 1.9 2003/2003 вредно 6.016 евра и девизна штедна книжа со 21.000 американски долари.

Сопругата на Дураки има автомобил А класа вредно 1.951 евра и земјоделско земјиште вредно 15.000 евра.

Неговите родители поседуваат еден стан во Скопје вреден 22.764 евра и земјоделско земјиште вредно 7317 евра.

Вредноста на имотниот лист на Садула Дураки изнесува 53.351 евра и истата е пресметана според податоците од Државната комисија за спречување корупција. 

Медиумска изложеност

Пред да стане министер за животна средина и просторно планирање, медиумите пишуваа за неговото минато како припадник на ОНА во конфликтот оф 2001 година. Дураки беше осомничен во судскиот предмет „Липковска брана“, кој беше затворен со автентичното толкување на Законот за амнестија, изгласано од страна на пратениците во 2011 година.

Активности

МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.792 денари.

Потрошени средства за службени патувања на Садула Дураки во периодот јануари – јули 2018 година.

Во одговорот на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер за фотокопии или скенирани податоци од изводи од службената картичка на министерот и неговиот заменик во период од јануари 2018-та до јули 2018-та година и фотокопии или скенирани податоци од документите по кои се книжени промените на сметка на репрезентација на министерството во период од јануари 2018-та до јули 2018-та се наведени изводите од службената картичка на министерот за периодот од јануари 2018-та до јули 2018-та. Во однос на бараните скенирани податоци од документите по кои се книжени промените на сметка на репрезентација на министерството не информираа дека во моментот не се во можност да ги обезбедат истите поради тоа што министерството е во фаза на селење.

Министерот Садула Дураки, според Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавните функции, во 2018-та година, до месец мај, има потрошено 201.436 денари, и тоа:
– Трошоци за мобилен телефон: 10.143 денари
– Угостителски услуги во земата преку надворешни угостителски објекти: 166.064 денари
– Угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите: 17.911 денари
– Хотелско сместување во странство: 7.318 денари

css.php