Самка Ибраимоски

img

Самка Ибраимоски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Самка Ибраимоски е роден на 27 септември 1954 година во Тетово. По професија е дипломиран менаџер при Факултетот за менаџмент – Нови Сад.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член;
  • Комисија за уставни прашања, член;
  • Комисија за одбрана и безбедност, член;
  • Комисија за труд и социјална политика, член;
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член.

Имотна состојба

5.000 евра
60.000 евра
528.951 евра
130.000 евра

Самка Ибраимоски пријавил дека поседува автомобил Цитроен ц4 вреден 5.000 евра, побарување по основ на даден заем во висина од 35.000 евра и кредит од 95.000 евра. Во имотниот лист на Ибраимоски има и стан чија сопственост не е наведена, а истиот се наоѓа во Тетово и вреди 60.000 евра. Ибраимоски поседува и фабрика вредна 528.951 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Самка Ибраимоски изнесува 724.276 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

„360 Степени“ провери – дали отсуството на антикорупциска комисија ги „опушти“ и функционерите и техничките служби во ДКСК.

Дента кога е снимен Ибраимоски возел „Шкода“ која што не е пријавена во имотниот лист. Тој за 360 степени, признал дека и „Шкодата“ треба да ја има во анкетниот лист, со следното објаснување:

„Колата е пред два месеци земена и нормално дека ќе се пријави, сега немаме ни Антикорупциска комисија па нема ни каде да пријавиме… уште не е избрана ДКСК, така што тоа што има такви промени – лично во мојот анкетен лист нема промени, туку во моето семејство, на име на син ми. Кога ќе се избере новата ДКСК, нормално, дека ќе ја пријавиме, една промена е тоа… колата.“

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Самка Ибраимоски во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како претседател на ПАРТИЈА ЗА ЦЕЛОСНА ЕМАНЦИПАЦИЈА НА РОМИТЕ Тетово. Друштво за професионално вработување и оспособување на инвалиди за производство на картонска амбалажа, угостителство и услуги УНИУС-ИС ДООЕЛ увоз-извоз Тетово, каде што тој е наведен како сопственик е во постапка на утврдување на статус а Ромска интер-парламентарна организација Скопје на која тој е исто сопственик е во моментов неактивна.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 110 
  • Број на отсуства: 1 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 3 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 4
  • Број на излагања на пленарна седница: 8 дискусии на пленарна седница, 53 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 46
  • Работни тела член/присуство/одржани: 8/40/47
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/12/102
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 234/0/384/196

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 72.428 денари (со исклучок на периодот април-јули кога земал плата од 72.735 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 508.224 денари или 8.264 евра.
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 212.924 денари или 3.462 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 23.175 денари или 377 евра.
css.php