Сашко Атанасов

img

Сашко Атанасов

Пратеник

Биографија

Пратеникот Сашко Атанасов е роден на 27 јули 1982 година во Струмица. По професија е спортски тренер по фудбал, а студиите ги завршил на Факултетот за физичка култура при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член;
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член;
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член;
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Големото Војводство Луксембург, член.

Имотна состојба

26.228 евра
74.262 евра
5.000 евра
46.032 евра

Сашко Атанасов има изјавувано дека поседува три моторни воила и тоа: Тојота Јарис, Мицубиши Лансер и Мерцедес ЦЛА 200 вкупно вредни 21.350 евра. Тој е основач и сопственик на ДПТУ „Вегафру Пакос“ ДОО вредна 5.000 евра.
Неговите родители поседуваат имот во село Пиперово и тоа две земјишта вкупно вредни 46.032 евра. Располагаат со имот во Струмица, како стан 29.268 евра, помошни објекти кои се проценети на 14.100 евра и куќа вредна 30.984 евра. Тие имаат и товарно возило застава вредно 1.300 евра, како и трактор Фергусон вреден 3.577 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Сашко Атанасов изнесува 151.523 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

 

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Сашко Атанасов во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како основач и сопственик на Друштво за производство, трговија и услуги ВЕГАФРУ ПАКОС ДООЕЛ с.Пиперово Василево. Тој има и едно неактивно спортско здружение Фудбалски клуб ПИПЕРОВО с.Пиперово Василево во кое исто така е претседател.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 53 
  • Број на отсуства: 2 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 12 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 1/2/2
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/18/21
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 146/0/254/74

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 64.429 денари (со исклучок на месец јули кога земал 64.738 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 451.312 денари или 7.338 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 365.400 денари или 5.941 евра.
css.php