Сашко Костов

img

Сашко Костов

Пратеник

Биографија

Пратеникот Сашко Костов е роден на 23 септември 1972 година во Кочани и е магистер на правни науки.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член;
  • Законодавно-правна комисија, член;
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член;
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член;
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член;
  • Комисија за здравство, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член.

Имотна состојба

21.951 евра
35.778 евра
228 евра
5.612 евра

Сашко Костов пријавил дека поседува имот во Кочани и тоа стан вреден 24.390 евра, подрум од 6.504 евра, гаража вредна 4.884 евра и два автомобила КИА Спортаж вреден 19.512 евра и Шевролет Авео 2.439 евра. Тој има две градежни земјишта вкупно вредни 2.033 евра и три земјоделски земјишта вредни 3.580 евра. На денарската платежна картичка располага со 228 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Сашко Костов изнесува 63.569 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција. 

 

Во изјава за СКУП, пратеникот Костов во ноември 2018 година ја потврди неговата имотна состојба, со една промена на платежната картичка.

„Имам промени во имотната состојба само на денарската платежна картичка на која во моментот има износ од 280.000 денари кои средства се стекнати по основ на заштеда од плата.“ – изјави Костов.

На прашањето дали поседува или е основач, ко-основач или дел од менаџмент на фирми во/надвор од Македонија, Костов одговори:

„Адвокат сум од 1.9.2013 година претходно поточно од 1998 до 2013 бев советник во државното правобранителство за подрачје Кочани, па државен правобранител за подрачје Кочани. Не поседувам фирми, освен адвокатурата која е право лице, но не е класична фирма и истата во моментот е во мирување.“ – додава пратеникот.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Сашко Костов во Централниот Регистар на Република Македонија е регистриран како адвокат во АДВОКАТ САШКО КОСТОВ Кочани, која во моментов е во мирување.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 111
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 10 закони и 23 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 19
  • Работни тела член/присуство/одржани: 8/150/161
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/17/34
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 243/0/422/234

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 68.429 денари (со исклучок на месец јануари кога земал плата од 68.122 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 478.696 денари или 7.784 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 689.435 денари или 11.210 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 4.573 денари или 74 евра.
css.php