Сашо Василевски

img

Сашо Василевски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Сашо Василевски е роден на 16 јуни 1966 година во Охрид. По професија е доктор, специјалист.

Активности во Собранието:

  • Комисија за европски прашања, член;
  • Комисија за здравство, член;
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член;
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, член.

Имотна состојба

26.016 евра
909.171 евра
55.558 евра
914.634 евра
31.707 евра
65.041 евра

Сашо Василевски изјавил дека располага со 3.252 евра на кредитната картичка, но има и девизен депозит од 10.000 евра. Има и едно побарување по основ на заем од 30.098 евра. Поседува уметнички предмети вредни 20.325 евра, накит и часовници во вредност од 11.382 евра. Василевски има автомобил Мерцедес вреден 13.008 и моторен чамец Сиреј од 8.130 евра.
Неговата сопруга има гаража и стан во Скопје вредни 7.805 односно 135.772 евра, како и деловен простор во Куманово кој вреди 43.642 евра. Таа има и златен накит вреден 65.041 евра, а поседува и два автомбила Тојота Јарис од 3.252 евра и Мерцедес Б од 6.504 евра. Сопругата на Василевски има четири девизни депозити вкупно вредни 17.330 евра и два кредита од 260 односно 2.439 евра.

Тој пријавил дека неговите подители располагаат со имот во Охрид и тоа четири куќи вредни 857.724 евра и седум земјишта вкупно вредни 914.634 евра. Тие поседуваат Мерцедес А 1998/2008 вреден 3.252 евра и Мерцедес Е 2004/2013 вреден 9.918 евра.

Вредноста на имотот пријавен од страна на Сашо Василевски изнесува 2.163.769 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Промена забележана на 19.2.2019 година:

Отстранети се автомобилот Мерцедес 2003/2013 и една од куќите во Охрид.

 

 

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016-та година СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањата на пратениците.

Во истражувањето „Накит и сликите на пратениците се тешки 254.958 евра“ од декември 2018-та година, СКУП открива дека пратеникот Сашо Василевски поседува златен накит од цели 65.041 евра, добиен по пат на наследство како и часовници вредни 11.382 евра. Тој исто така поседува највредни уметнички предмети кои ги стекнал со договор за подарок и истите се вредни 20.325 евра.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 26
  • Број на отсуства: 79 оправдани и 6 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 1
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/1/32
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/2/26
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 1/0/9/17

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.352 денари (со исклучок на месец јануари кога земал плата од 69.044 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 485.156 денари или 7.889 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 14.337 денари или 233 евра.
css.php