Славица Шуманска Митева

img

Славица Шуманска Митева

Пратеник

Биографија

Пратеничката Славица Шуманска Митева е родена на 20 октомври 1980 година во Штип. По професија е дипломиран филолог по македонски јазик со полски јазик и книжевност, а студиите ги завршила на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член;
  • Комисија за култура, член;
  • Комисија за европски прашања, член;
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член;
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член.

Имотна состојба

2.927 евра
91.057 евра
14.699 евра
14.553 евра

Славица Шуманска Митева пријавила дека поседува автомобил Рено Клио вредно 2.927 евра и пијано Чајковски вредно 980 евра. На кредитната картичка има 1.268 евра.
Со сопругот поседуваат имот во Виница и тоа куќа вредна 81.300 евра, овошна градина проценета на 5.366 евра, како и земјиште од 1.057 евра.
Нејзиниот сопруг располага со земјиште вредно 8.130 евра и двор со помошни простории кој вреди 9.756 евра. Тој на кредината картичка има 829 евра, а има и кредит од 12.600 евра кој треба да го исплати до 2024 година.

Вредноста на пријавениот имот на Славица Шуманска Митева изнесува 124.211 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Промена забележана на 25.3.2019 година:

На имотната листа додаден е автомобил Сеат Леон вреден околу 5 илјади евра. Пратеничката го пријавила и имотот на својот сопруг. Тој зема месечна плата чија вредност не е наведена во имотниот лист на Шуманска, а поседува и удели од 2018-та година, за кои таа не дала податок на кој начин се стекнати, ниту пак за каде се однесуваат. Шуманска Митева поседува кредитна картичка без наведена сума, а во 2018-та година подигнала и кредит чија вредноста не е позната, а истиот треба да се исплати до 2026 година.

 

 

Истражувања

Во истражувањето на СКУП од декември 2018-та година, „Накитот и сликите на пратениците се тешки 254.958 евра“, се открива дека Славица Шуманска Митева поседува Пијано Чајковски вредно 980 евра.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 111 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 5 закони и 85 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/25/31
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 5/21/31
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 205/0/418/236

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА:  64.123 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 448.861 денари или 7.299 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 695.546 денари или 11.310 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 6.058 денари или 99 евра.
css.php