Слаѓана Митовска

img

Слаѓана Митовска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Слаѓана Митовска е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 29 јануари 1981 година во Крива Паланка. Митовска е дипломиран социјален работник, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје. Специјалист по социјална работа во здравство.

Активности во Собранието:

  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член

Имотна состојба

4.715 евра
14.043 евра

За пратеничката Слаѓана Митовска на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција се достапни две имотни листи.

Пратеничката Слаѓана Митовска има изјавувано дека поседува моторно возило Опел Корса вредно 1.463 евра, кредит од 2.927 евра и кредитна картичка од 4.878 евра. Нејзиниот сопруг има моторно возило Ауди А3 вредно 3.252 евра и кредит од 4.878 евра. Како имот на деца се наведени два денарски депозити од по 680 евра. Вкупен износ: 18.759 евра.

 

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 78 
  • Број на отсуства: 33 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 5 закони и 360 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 4
  • Број на излагања на пленарна седница: 17 дискусии на пленарна седница, 33 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 24
  • Работни тела член/присуство/одржани: 5/49/65
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/21/44
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 29/0/69/87

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.352 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога месечната плата изнесувала 65.659 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 458.087 денари или 7.448 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 299.499 денари или 4.870 евра

 

css.php