Соња Мираковска

img

Соња Мираковска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Соња Мираковска е родена на 12 септември 1963 година во Берово. По професија е дипломиран правник, при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Буџетски совет, член;
  • Законодавно-правна комисија, претседател;
  • Комисија за уставни прашања, член;
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член;
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член;
  • Клуб на пратенички, член на претседателство.

Имотна состојба

12.000 евра
37.100 евра
5.000 евра

Соња Мираковска изјавила дека поседува стан во Скопје вреден 37.100 евра и автомобил Авео Шевролет вреден 12.000 евра. Исто така, има и девизна штедна книшка со 5.000 евра.

Вредноста на пријавениот имотот на Соња Мираковска изнесува 54.100 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 54 
  • Број на отсуства: 1 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 27 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 8 дискусии на пленарна седница, 6 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 15
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/67/85
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 1/3/20
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 173/0/268/87

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 73.597 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 515.179 денари или 8.377 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 51.366 денари или 835 евра.
css.php