Стојан Миланов

img

Стојан Миланов

Пратеник

Биографија

Пратеникот Стојан Миланов е роден на 14.2.1948 во с.Тополовик, Кратово. Има завршено високо образование на Природно-математичкиот факултет, отсек биологија.

Активности во Собранието:

  • Комисија за уставни прашања, член;
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член;
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член;
  • Комисија за економски прашања, заменик-член;
  • Комисија за култура, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член.

Имотна состојба

45.935 евра
322.098 евра
60.746 евра
24.836 евра

На Државната изборна комисија за спречување на корупција, за пратеникот Стојан Миланов достапни се две имотни листи.

Според едната имотна листа, Стојан Миланов поседува стамбена зграда во Кратово, вредна 162.602 евра. Освен тоа, располага со земјоделско земјиште во Кратово вредно 23.860 евра и куќа со двор и подрум во село Тополовиќ вредна 196 евра. На имотниот лист евидентиран е и кредит од 60.000 евра кој треба да се исплати за 30 години.
Неговите деца располагаат со имот во Кратово и тоа објект од 3.252 евра и пасиште вредно 976 евра. Тие имаат два стана во Скопје, секој од нив вреден по 78.049 евра. Децата на Миланов имаат и три автомобила: Опел Инсигнија вреден 26.016 евра, Сеат Ибица 9.919 евра и Опел Корса од 10.000 евра. Тие земаат и две месечни плати од 268 односно, 372 евра. Сопругата на Миланов добива месечен надоместок од 106 евра по основ на технолошки вишок.

Според втората имотна листа, Миланов освен стамбената зграда во Кратово, која вреди 162.602 евра, тој располага со земјоделско земјиште во Кратово вредно 23.860 евра. Миланов поседува имот во село Тополовиќ и тоа: двор вреден 2.439 евра, две куќи секоја вредна по 6.829 евра,  шума и пасиште проценети на 6.100 евра. Тој има и земјиште во Нежилово чија вредност не е наведена во имотниот лист.На имотниот лист евидентиран е и кредит од 60.000 евра кој треба да се исплати за 30 години. Неговите деца располагаат со имот во Кратово и тоа објект од 2.276 евра и пасиште вредно 1.626 евра. Тие поседуваат два стана во Скопје, во вредност од 39.024 односно, 78.049 евра и имаат и три автомобила: Опел Инсигнија вреден 26.016 евра, Сеат Ибица 9.919 евра и Опел Корса од 10.000 евра.

Вредноста на имотот која Стојан Миланов ја има пријавено изнесува 453.615 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016-та година СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањата на пратениците.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција:

Имотна листа број 1

Имотна листа број 2

Пратеникот Стојан Миланов во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како Претседател на Одбор на директори и неизвршен член на Одбор на директори во Друштво за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ СИЛЕКС АД Кратово. 

Во изјава за СКУП, Миланов вели дека веќе неколку години не е претседател на одборот на директори и неизвршен член на одброт на директори во Фудбалскиот клуб Силекс АД Кратово. Тој кога стапил на функцијата пратеник до Државната комисија за спречување на корупција доставил допис со кој побарал мислење дали постои судир на интереси доколку исто времено ги извршува функциите, пратеник во Собрание на РМ и претседател на Фудбалски клуб Силекс. Оттаму му соопштиле дека помеѓу овие две функции не постои состојба на судир на интереси. Миланов сега се води само како претседател на Фудбалскиот клуб Силекс.

Магазинот Фактор пишуваше за фудбалскиот клуб „Силекс“ кој за 2017 година остварил приходи од 35.37 милиони евра. Од реклами „Силекс“ лани имал приход во износ од 8.16 милиони денари односно 132.000 евра и успеал од УЕФА да добие околу 24.600 евра. Единствен акционер на овој фудбалски клуб е рударско индустрискиот комбинат „Силекс“, а според извештајот на независната ревизија пишува дека главен спонзор на клубот е Телевизијата Сител преку донации. Додека пак, други приходи се од реклами од својот основач „Силекс“ и од неговата фирма ќерка „Силкрат Дооел“.

 

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 76
  • Број на отсуства: 35 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 30 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 3
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/12/15
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/25/61
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 18/0/51/64

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 74.582 денари 
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 522.074 денари или 8.489 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 355.661 денари или 5.783 евра.
css.php