Сурија Рашиди

img

Сурија Рашиди

Пратеник

Биографија

Пратеникот Сурија Рашиди е член на партијата Алијанса за Албанците. Тој е роден на 17 април 1965 година во Струга. Рашиди е дипломиран машински инженер, Универзитет во Приштина.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за финансирање и буџет, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член

Имотна состојба

16.000 евра

Пратеникот Сурија Рашиди има пријавено две моторни возила. Едно во негова сопственост, Ауди А4 вредно 13.984 евра и едно во сопственост на неговата сопруга, Сеат Кордоба вредна 8.000 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Сурија Рашиди изнесува 21.984 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Промена на имотна состојба забележана на 19.2.2019 година:
Додадени земјиште, ливада, две лозја, шума и плац вредни 109.628 евра.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Сурија Рашиди, во Централниот регистар на Република Македонија е наведен како основач и сопственик на Трговско друштво за производство трговија и услуги Рашиди Сурија и др.РАШИДИ ДОО с.Радолишта Струга кое во моментов е неактивно.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 33 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 11
  • Број на излагања на пленарна седница: 3 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 5
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/27/47
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/2/57
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 11/0/24/19

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.352 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 485.464 денари или 7.894 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 573.916 денари или 9.332 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 75 евра.
css.php