Сухејл Фазлиу

img

Сухејл Фазлиу

Министерство за локална самоуправа

Биографија

Сухејл Фазлиу е роден на 30 септември 1986 година во Скопје. Освен албански, зборува македонски и англиски јазик. Средно училиште завршил во „Панче Караѓозов“, а дипломирал современи науки и технологии при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Во неговата биографија наведено е дека тој работел како независен консултант за Е-Влада и Е-Трговија, како и за приватни компании за услугата Е-Трговија.

Имотна состојба

8.000 евра
120.000 евра

Министерот Сухејл Фазлиу пријавил дека поседува две моторни возила „Голф 2“ и „Пасат“ вредни 8.000 евра.

Неговата сестра има „Ауди А2“ чија вредност не е наведена.

Родителите на Фазлиу имаат земјиште и куќа во Скопје во вредност од 120.000 евра за кои Фазлиу нема наведено на кој начин се стекнати.

Вредноста на имотниот лист на Сухејл Фазлиу изнесува 128.000 евра и истата е пресметана според податоците од веб-страната на Државната комисија за спречување корупција. 

css.php