Талат Џафери

img

Талат Џафери

Пратеник

Биографија

Пратеникот Талат Џафери е член на партијата ДУИ. Тој роден на 15 април 1962 година во Гостивар. Зборува албански, македонски, српско- хрватски, англиски. Оженет е и има две деца.

Претходно искуство

  • 2016 Пратеник во Собранието на Република Македонија (ДУИ),
  • 2014-2016 Пратеник во Собранието на Република Македонија (ДУИ),
  • 2013-2014 Министер за Одбрана на Република Македонија,
  • 2011-2013 Пратеник во Собранието на Република Македонија (ДУИ),
  • 2008-2011 Пратеник во Собранието на Република Македонија (ДУИ),
  • 2004-2006 Заменик на Министерот за Одбрана на Република Македонија,
  • 2002-2004 Пратеник во Собранието на Република Македонија (ДУИ)
  • 1992-2001 Офицер во АРМ,
  • 1985-1991 Офицер на ЈНА.

Активности во Собранието:

  • Комисија за уставни прашања, претседател
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), шеф на Делегација
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), шеф на Делегација

Имотна состојба

213.519 евра
35.720 евра

Пратеникот Талат Џафери има пријавено куќа од 178.862 евра во Гостивар и стан од 34.657 евра во Скопје, кредити од 26.500 евра и 8.943 евра и два автомобили Ауди А4. Неговата сопруга има плата од 276 евра, а на име на деца има моторно возило Фолксваген Буба вредно 1.951 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Талат Џафери изнесува 251.189 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Медиумска изложеност

Реакции во јавноста имаше и за изборот на новиот член на Антикорупциската комисија, Нури Бајрами кој е баџанак на Талат Џафери. Односно, нивните сопруги се сестри. Нури Бајрами изјави дека нема ништо спорно во неговиот избор и вели дека нема да потклекне под никакви притисоци и, според него, ваквата релација со Џафери нема да бидe пречка во понатамошната работа.
Талат Џафери изјави дека немал никакво влијание, а на крајот гласал за целиот состав на Kомисијата, а не за поединци.

Министерката за правда, Рената Дескоска изјави дека нема формално прекршување на законот со изборот на баџанакот на Талат Џафери.

Подоцна, на 13 февруари 2019-та година, Антикорупциската комисија одлучи дека баџанак не е блиско лице, односно дека нема конфликт на интерес во овој случај. Воедно, на првата седница по случаен избор се избра и заменик претседател на Комисијата. Ждрепката одлучи заменик претседател да биде токму Нури Бајрами.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 22
  • Работни тела член/присуство/одржани: 1/0/0
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 0/0/0
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 196/0/266/85

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 93.698 денари 
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 655.886 денари или 10.665 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 1.342 евра.
css.php