Татијана Лалчевска

img

Татијана Лалчевска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Татијана Лалчевска е родена на 5 декември во 1973 година во Тетово. Има завршено студии на Педагошки факултет.

Активности во Собранието:

  • Комисија за уставни прашања, член;
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член;
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член;
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член.

 

 

Имотна состојба

9.300 евра
25.714 евра
1.463 евра

Татијана Лалчевска изјавила дека поседува стан во Тетово чија вредност не е наведена во имотниот лист. Таа има и кредит од 1.463 евра. Нејзиниот сопруг, исто така, има стан во Тетово кој е вреден 25.714 евра. Сопругот на Лалчевска поседува автомобил Хјундаи И 20 вреден 9.300 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Татијана Лалчевска изнесува 36.477 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 1 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 1
  • Број на излагања на пленарна седница: 3 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 1
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/4/5
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/19/23
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 174/0/268/83

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА:  67.814 (со исклучок на периодот март-јули земала месечни износи од 68.122 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 476.238 денари или 7.744 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 118.183 денари или 1.922 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот од јануари-јули 2018 година: 58 евра.
css.php