Татјана Прентовиќ

img

Татјана Прентовиќ

Пратеник

Биографија

Пратеничката Татјана Прентовиќ е родена на 27 јули 1964 година во Скопје и е доктор на науки при Факултет за земјоделски науки и храна на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Активности во Собранието:

  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член;
  • Комисија за образование, наука и спорт, член;
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член;
  • Комисија за европски прашања, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член;
  • Клуб на пратенички, член на претседателство.

Имотна состојба

6.959 евра
81.391 евра
3.259 евра
5.863 евра

Татјана Прентовиќ пријавила дека поседува земјоделско земјиште во Демир Хисар вредно 5.863 евра и куќа од 28м2 чија локација не е позната, а е проценета на 90 евра.
Прентовиќ има два кредита од 2.023 односно 10.000 евра, а на кредитната картичка располага со 1.236 евра. Сопругот на Прентовиќ поседува автомобил Тојота Јарис вреден 3.577 евра, а заедно со Татјана поседуваат куќа со гаражи и двор која е проценета на 81.301 евра.
На имотниот лист евидентирано е и едно возило, Тојота Јарис вредно 3.382 евра за кое не се знае кому припаѓа.

Вредноста на пријавениот имот на Татјана Прентовиќ изнесува 107.472 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 51 
  • Број на отсуства: 2 оправдани и 2 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 26 закони и 1 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 4
  • Број на излагања на пленарна седница: 4 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 9
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/24/25
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/15/19
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 123/0/261/77

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА:  71.506 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 500.542 денари или 8.139 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 35.049 денари или 570 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот од јануари-јули 2018 година: 261 евро.
css.php