Тања Ковачев

img

Тања Ковачев

Пратеник

Биографија

Пратеничката Тања Ковачев е родена на 7 јули 1983 година во Скопје и по професија е дипломиран економист.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, член;
  • Комисија за надворешна политика, член;
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член;
  • Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, член;
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член.

 

Имотна состојба

2.520 евра
71.000 евра
44.236 евра

Тања Ковачев изјавила дека има два кредита, од кои едниот 3.252, а другиот 31.000 евра. На едната трансакциска сметка не е дефинирана сумата што ја поседува Ковачев, додека на другата сметка располага со 878 евра. Таа исто така има и девизна сметка на која има 2.500 евра и 4.000 американски долари.
Таа пријавила дека со сопругот поседуваат стан во Скопје вреден 71.000 евра, додека пак, нејзиниот сопруг има трансакциска сметка со 3.057 евра и автомобил Ауди А4 вреден 2.520 евра.

 

Вредноста на имотот на Тања Ковачев изнесува 117.756 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 56
  • Број на отсуства: 48 оправдани и 7 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 2
  • Работни тела член/присуство/одржани: 8/1/20
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/2/14
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 82/0/158/121

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: Во јануари земала плата од 31.403 денари, додека во февруари не земала плата. Во месец март земала износ од 38.980 денари, а од март до јули земала 65.969 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 334.259 денари или 5.435 евра.
css.php