Томислав Тунтев

img

Томислав Тунтев

Пратеник

Биографија

Пратеникот Томислав Тунтев е роден на 7 јули 1967 во Охрид. По професија е доктор на технички науки при Техничкиот факултет – Битола.

Активности во Собранието:

  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член;
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
  • Комисија за култура, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, член.

Пратеникот во јануари 2019 година си даде оставка од пратеничката функција и доаѓа на позицијата генерален директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Имотна состојба

15.252 евра
191.203 евра
42.016 евра

Томислав Тунтев пријавил дека поседува Мопед Фрости вреден 293 евра, стан во Охрид вреден 102.000 евра и кредит во висина од 10.016 евра.
Со сопругата поседуваат станови во Скопје и Охрид, вредни 44.211 евра, односно 44.992 евра. Освен тоа имаат и автомобил Рено Сеник вреден 2.764 евра. Неговата сопруга поседува и автомобил Ренаулт Каптур вреден 12.195 евра и денарски депозит во висина од 20.000 евра.
Децата на Тунтев иимаат две денарски штедни книшки со по 6.000 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Томислав Тунтев изнесува 248.472 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Томислав Тунтев во изјава за СКУП во ноември 2018 година потврди дека тоа е неговата имотна состојба и дека во истата нема промени.

Медиумска изложеност

Истражувањето на СКУП покажа дека македонските пратеници се лидери во регионот за патни трошоци, меѓу нив, се најде и пратеникот Томислав Тунтев.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 47 
  • Број на отсуства: 2 оправдани и 6 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 14 закони и 28 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 16 дискусии на пленарна седница, 14 (контра)реплики и 6 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 8
  • Работни тела член/присуство/одржани: 0/0/0
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/9/80
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 172/0/272/84

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 74.248 денари (со исклучок на месец јули кога земал плата од 74.573)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 520.061 денари или 8.456 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 401.058 денари или 6.521 евра.
css.php